Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парада на гордоста “Вон ѕидовите”: Луѓето од ЛГБТИ заедницата не треба да се сокриваат

0
By НОВА ТВ Balaban on June 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите родители да си ги прифатат децата такви какви што се, да не се откажуваат никако од нив и да разговараат со нив, порача Марија Костадиновска, мајка на ЛГБТИ девојка на втората Парада на гордоста која под мотото “Вон ѕидовите” се одржа денеска во Скопје.

Главната порака на учесниците на Скопје Прајд е „Љубовта е љубов“, а дека „таа е посилна кога нашите гласови се обединети„ но и дека повеќе не треба да се сокриваме, туку да имаме право да учествуваме во сите сфери на живеењето“. Побараа и донесување закон за правно признавање на род.

Стотици поддржувачи на ЛГБТИ заедницата и на трансродовите луѓе маршираа еден час низ центарот на Скопје, по што продолжија до Школка во Градскиот парк од каде ги упатија пораките. Таму се одржа и музичката програма, која

започна со настап на Васил Гарванлиев.

Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која е организатор на оваа манифестација, изјавија дека парадата е протест, но и прослава, на која повторно ги актуелизираат надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Учесниците нагласија дека тие во земјата се граѓани од втор ред, трпат насилство, додека  полицијата молчи.

– Месецот на гордоста нè тера да видиме до каде сме стигнале, каков напредок сме оствариле и како ќе продолжиме. Здравствената криза на суров начин ни ја покажа системската обесправеност на ранливите луѓе од заедницата, трансродовите лица ги остави без најосновите здравствени и социјални услуги и во сиромаштија, бидејќи законот за правното признавање на родот не е сè уште донесен, со месеци и овие луѓе немаат еден единствен личен документ со кој можат да се претстават во институциите, истакна Елена Петровска од коалицијата „Маргини“, дел од организацискиот одбор на Скопје Прајд.

И дел од функционерите, но и амбасадори во земјата, дадоа поддршка на втората Парада на гордоста; премиерот Зоран Заев синоќа се огласи на Фејсбук. Претседателот Стево Пендаровски, со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше на парадата, како и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за култура, Ирена Стефоска, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Меѓу присутните на парадата беше и директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ и други.

– Задача на функционерите е поддршката на вакви настани, затоа што на тој начин дополнително и на поинакво ниво се подига свеста дека и луѓето од ЛГБТ заедницата треба да ги уживаат истите права како и другите граѓани, рече  пратеничката Љатифе Шиковска.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин,  рече дека „бесмислено е во 21 век да му се оспоруваат правата за нормален достоинствен живот на некој граѓанин или граѓанка. И затоа пораката која ја испраќаме на овој Скопје прајд е да се сопре со дискриминацијата врз лицата од ЛГБТ, говорот на омраза и насилствата од омраза, стигматизацијата“.

Но, дел од функционерите се огласија и со различни ставови. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, на Фејсбук објави дека не може да најде аргументи како на своите деца да им објасни зошто се одржува Парадата на гордоста денеска во Скопје. Според него, традиционалното семејство е нешто свето.

Парадата заврши попладнево без инциденти, а во забавната програма учествуваа и Соња Исмаил, Вера Вендета, Васил Гарванлиев, Фифи Јаневска, Туна, Ивана Драгшиќ, Узун Баба и Зоки Бејбе.

А во Битола вечерва ќе се одржи контра Парада.

ЛГБТ заедница Парада на гордоста поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.