Пaрадата на гордоста која денеска во црногорската престолнина Подгорица ја организираше Форумот на прогресот и асоцијацијата Queer Montenegro, мина мирно и без инциденти си силно изразено присуство на полицијата, пренесуваат балканските медиуми.
Мала група од стотина учесници прошетаа по речиси празните улици на Подгорица со симболи на ЛГБТ заедницата и големи транспаренти.
„Не преку нашиот грб“, „Само што започнавме“, „Сано нив не ги колни мајко“, „Тишината е смрт“, се дел од пораките од поворката.
Претставникот на Queer Montenegrо Даниел Калезиќ, изјави дека одржувањето на поворката е остварување на основните човекови права и дека парадата за нив претставува слобода.
Парадата на гордост, втора по ред во Подгорица, ја обезбедувале повеќе од 1.800 полицајци, а од безбедносни причини, како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на соопштението на црногорското министерство за внатрешни работи, пред парадата биле приведени десетина лица, кои немале документи и кој кои иле пронајдени опасни предмети како „боксери“ и „фантомки“.
Првата парада на гордоста во Подгорица беше одржана на 20-ти октомври 2013 година и беше проследена со многу инциденти и приведени лица, а обидот за собирање на ЛГБТ лицата во Будва минатото лето, полицијата го прекина и ги евакуираше учесниците со бродови, откако беа нападнати од противници на ваквите манифестации.
Во годинешната поворка освен припаднции на црногорската ЛГБТ заедница, на кои со присуство им дадоа и истомисленици од Македонија, Србија и Хрватска, беа и министерот за човекови и малцински права, Суад Нумановиќ, градоначалникот на Подгорица, Славољуб Стијеповиќ, народниот првобранител Шуќко Баковиќ, шефот на делегацијата на ЕУ во земјата Митја Дробниќ, претставници на сите политички партии и повеќе странски амбасадори во Црна Гора.




