Published: Wednesday, July 6, 2016 11:27
Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус е прогласен за виновен за убиството на неговата девојка Рива Стинкапм и е осуден на 6 години затвор.
Вака заврши три ипол годишното судење кое предизвика голема внимание во светската јавност.
Писториус, кои инаку е првиот параолимпиец кој пред 4 години на Олимпијадата во Лондон се натпрваруваше рамноправно со олимпијците, беше обвинет дека на 14 февруари 2013 година ја убил со пиштол својата девојка во неговиот дом.
Тој се бранеше дека слушнал врева и мислел дека во куќата има крадец.
Минималната казна за убиство во Јужна АФрика е 15 години, а на Писториус му биле земени предвид олеснителни околности. Откако ќе отслужи половина од казната, тој има право на условна слобода.




