Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париски „Ла Кроа“: Влез во Европската унија, македонското проклетство

0
By Соња Крамарска on June 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По Грција, која стоеше на патот со години, потоа Франција, која и се спротивстави, Бугарија стави вето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, а во исто време и Албанија е колатерална жртва. Падот на бугарската влада вечерта на 22 јуни, ден пред балканскиот самит во Брисел дополнително го компромитира деблокирањето на ситуацијата, анализира Мари Вердие новинарката на париски „Ла Кроа“, пренесува дописникот на МИА.

Заканата за бојкот сè уште лебдеше ден пред самитот за Западен Балкан од главните заинтересирани страни. Премиерите на Албанија Еди Рама и на Северна Македонија Димитар Ковачевски, придружувани од претседателот на Србија Александар Вучиќ, конечно одлучија овој четврток, на 23 јуни, да заминат во Брисел заедно со другите лидери на земјите од регионот, кои многу долго тропаат на вратата на Европската Унија.

Еди Рама, во твитот објавен на 22 јуни го сумираше незадоволството: „Се чини дека ќе има уште едно „Не, извини!“ тоа е она што ќе го слушнеме на крајот! Цела Унија киднапирана од Бугарија, не е добра глетка за гледање! Што правиме таму?!“

Овој самит требаше да го одбележи „повторното ангажирање и реинвестирање на ЕУ во регионот на Западен Балкан“, како што потсети извор од Елисејската палата. Сепак, тој ризикува да заврши во ќорсокак, дури и ако оние околу претседателот сè уште сакаат да веруваат во решение во последните денови од француското претседателство со Советот на ЕУ“, пишува понатаму „Ла Кроа“.

Бугарија е таа што ги блокира пристапните преговори со Северна Македонија. Сепак, падот на владата на Кирил Петков остава малку надеж за успешен исход на спорот.

„Откако дојде на власт минатиот декември, проевропскиот реформатор никогаш немаше одврзани раце да стави крај на бугарските идентитетски тврдења. Бугарија има преголеми барања, во однос на историјата, но и на јазикот, го смета македонскиот за бугарски дијалект и бара бугарското малцинство да биде запишано како конститутивен народ во македонскиот Устав, резимира Горан Секуловски, специјалист за југословенскиот простор на Иналко.

„ЕУ не можеше да ја скрши бугарската брава, па оттука и укорот што дозволи да биде фагоцитирана од Бугарија“, додава тој. Сепак, падот на премиерот, кој отвора голем период на неизвесност, во позадина на системската политичка нестабилност во Софија, предизвикува страв од нов ќорсокак.

„Сепак, ниту една земја не направи толку многу напори и жртви како Северна Македонија во нејзиниот процес на демократизација и решавање на споровите со соседите“, забележува Флорен Марсиак, ко-директор на Балканската опсерваторија во Жан Жор. Огорченоста, вели, ги освојува сите балкански земји кои се чувствуваат маргинализирани, а згора на тоа, Украина го апсорбира целиот дипломатски капитал.

Треба да се верува дека ќе падне проклетството на Северна Македонија, земја која официјално аплицираше за членство од 2005 година и која сè уште го гледа нејзиниот пат кон интеграција блокиран. Дваесет години Скопје беше под  гневот на Грција, која бараше поранешната југословенска Република Македонија да го смени името за да се разликува од северниот грчки регион.

Штом овој историски спор беше решен во 2018 година, Франција го презеде противењето за проширување во 2019 година. Хоризонтот конечно се чинеше јасен во пролетта 2020 година, кога европските лидери се согласија за нова методологија за членство и дадоа зелено светло за отворање на преговори со Скопје и со Албанија. Но, тогаш Бугарија стави вето, објаснува „Ла Кроа“

Албанија го носи најголемиот товар од оваа блокада. Европските лидери ги здружија двете земји во нивниот марш кон членство, иако тоа теоретски се заснова на заслугите и напредокот на потребните реформи. Што се однесува до укинувањето на визите за Косово, препорачано со години, ова прашање, иако технички решено, не е на агендата на самитот.

Босна и Херцеговина останува надвор од опсегот на членство. – Сега треба да бидете кандидат за кандидатурата, ЕУ бара од неа реформски план од четиринаесет точки, кој е невозможно да се спроведе, коментира Флорен Марсиак. Горчината е огромна, Босанците си велат дека војната им била бескорисна, дека ќе им треба нова војна за да напредуваат кон ЕУ, завршува демохристијанскиот дневен весник „Ла Кроа“.

влез во ЕУ Македонија париски Ла Кроа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.