Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парите за ГА-МА се кај НЕР, кога ќе се потпише спогодбата?

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: petrolstationmkd.blogspot.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 32 милиона евра Владата од државната каса пренесе на сметката на Национални енергетски ресурси (НЕР), кој е во сопственост на државата. Тоа се пари со кои НЕР ќе мора да ги откупи акциите на Макпетрол кои компанијата ги има во ГА-МА, за да може ГА-МА да премине во целосна државна сопственост. На еден од јавните настапи, министерката за финансии Нина Ангеловска, истакна дека трансакцијата на парите кон НЕР е практично за откуп на акциите о Макпетрол.

Случајот е застанат на тоа дека парите од Владата се трансферирани кај НЕР, но другите постапки не се завршени. Она што треба да се случи е всушност Макпетрол и Владата да потпишат
Спогодба за вонсудско решавање на деценискиот спор, по што ќе следува продажба. Така барем имаат договорено двете страни. По завршување на медијацијата од страна на Макпетрол и Енергетската заедница, се стигна до спогодбата со која се има за цел конечно, законско и правично регулирање на сопственичките односи во ГА-МА, а во согласност со новиот Закон за енергетика,
како и третиот енергетски пакет кој е инкорпориран во законот.

Но, наспроти ова не се почнати постапките во однос на медијацијата како што било планирано. Макпетрол ги има донесено поединечните акти за потпишување на Спогодбата, а тоа компанијата го има објавено во своето последно соопштение до Берзата.

„Макепетрол и Владата заради конечно и законито регулирање на своите сопственички односи во ГА-МА, во согласност со Законот за енергетика побара медијација во Центарот за решавање спорови на Енергетската заедница. Макпетрол и Владата требаше да донесат и соодветни правни акти за официјално потпишување на Спогодбата. Додека не завршат сите процедури и секоја од страните не го испочитува договорот, продажбата нема да може се реализира“, објави компанијата.

Дали сега техничката Влада ќе има време и капацитет да се позанимава со ова прашање станува неизвесно. Ако се чекаат прво изборите, тогаш ниту до мај нема да се надмине ова прашање, иако случајот налага итност. На потег е Владата. Од таму јавно не пренесуваат директен одговор кога ќе
се реши ова прашање, судејќи по настапите на владини преставници. Неофицијално, Владата знае за итноста и потребата од надминување на спорот, што ако се преточи во пракса би значело што поскоро потпишување на спогодбата, затоа што секое одложување прави штета.

акции Влада ГА-МА Макпетрол НЕР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.