Published: Saturday, January 12, 2019 14:04
Француските власти соопштија дека според последниот биланс од експлозијата што се случи изутринава во 9. париски арндисман животот го загубиле четири лица, јави МИА.
Меѓу четворицата загинати има двајца пожарникари кои интервенрале по пријавата за неисправна инсталација на природен гас.
Во претходниот биланс беше обавено за триесетина повредени лица од кои петнаесетина се со тешки повреди.
Јавниот обвинител на Париз отвори истрага за причините за експлозијата.




