Најмалку 50 здравствени работници се казнети, а тројца се уапсени за време на протест пред болницата „Робер Дебре“ во Париз.
Демонстрантите барале повисоки плати, подобри работни услови, но и поголема парична помош за болниците, кои, според француските медиуми, имаат финансиски проблеми, а полицијата интервенирала бидејќи, наводно, биле прекршени мерките за физичка дистанца.
Полицијата во еден момент побарала демонстрантите да заминат, а на оние кои одбиле им е изречена казна од 135 евра на лице место.