Published: Wednesday, January 7, 2015 12:33
Најмалку две вооружени лица ја нападнаа канцеларијата во Париз на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо (Charlie Hebdo), при што загинаа најмалку 10 луѓе, јавуваат француските медиуми.
Сведоците изјавија дека било пукано со огнено оружје во канцеларијата откако напаѓачи отвориле оган со Калашникови.
Сатиричниот неделник беше контроверзен во минатото со својот опис на вести и тековни настани.
На најновиот твит беше прикажана карикатура на лидерот на милитантната група на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.




