Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Париз-Скопје: Шарената револуција ја зафати и Франција

1
By Нова ТВ on June 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шарената револуција очигледно стана заразна. Француското движење “Ноќно бдеење”, кое започна во Париз и се прошири низ цела Франција, доби инспирација од нашата Шарена револуција. Нивната следна акција на фарбање на јавниот простор и институциите на власта е закажана за недела 5 јуни во 18 часот во Париз.

“За Шарената револуција… Улицата е сива и опасна како и капитализмот. Да ја превземеме со нашите бои, боите на животот, со нашето незадоволство, со радоста да се бориме заедно. Вооружете се со кутија бои и фарбајте ги улиците со ненамерната помош на возилата. Секоја трага од боја ќе биде размачкана како потпис на нашиот апел за револт и желбата да останеме будни”, вели апелот на “Ноќно бдеење” во Франција. Тоа повикува исто така на социјалните мрежи да се постираат слики од акциите под хаштагот #ColoRevolution.

Париз – Скопје: Да ги обоиме нашите улици, нашите борби, нашите надежи.

4

На 22 мај активистите на “Ноќно бдеење” од цела Франција одлучиле да почнат со “радосно превземање” на јавниот простор во градовите. Иницијативата се состои во фарбање на местата кои се симбол на власта и тоа ќе трае се додека властите не го чујат нивниот глас.

1

2

3

Движењето “Ноќно бдеење” започна на плоштадот Бастиља во Париз, симбол на француската револуција од 1789 година, на 31 март оваа година. Учесниците се собраа на плоштадот за да протестираат против предлог законот за работни односи. Но, со текот на деновите, движењето се прошири во протест против политичките институции и економскиот систем кој произведува се повеќе невработеност и сиромаштија.

Цел на “Ноќно бдеење” е изградба на “амбициозен, прогресивен и еманципаторски политички проект” во борбата против “ретроградните реформи” и недостигот на демократија во француското општество.

Движењето нема ни лидер ни портпарол и е организирано во комисии за координација и комуникација кои испраќаат пораки до сите кои сакаат да земат учество да останат мирни и сталожени. Учесниците се финансираат од сопствените џебови а на интернет имаше повик за донации па така движењето собра 3.000 евра.

Идејата за “Ноќно бдеење” се појави на една јавна средба организирана на 23 февруари 2016 година од Франсоа Руфен, уредник на весникот Факир и режисер на филмот “Благодарам газда!” кој зборува за борбата против олигархијата. Потоа движњето одлучува да го “окупира” плоштадот Бастиља по манифестот објавен на 31 март.

Во акциите на “Ноќно бдеење” имаше повеќе инциденти и насилство провоцирано од мали групи кои направија материјална штета на повеќе објекти како приватни банки. Овие инциденти беа долго дебатирани во рамките на движењето “Ноќно бдеење” со заклучок дека “насилството е контра продуктивно и го ослабнува движењето; оштетувањето на приватен имот нема никаква симболична вредност и го дискредитира движењето”. Но тие исто така ја повикаа и полицијата на одговорност поради “полициските провокации”, стратегија која има за цел да го ослабне движењето.

Париската полиција преку соопштение изјави дека движењето “Ноќно бдеење” ставило во погон одредби за да се избегнат нови инциденти.

Градоначалничката на Париз Ан Хидалго изјави дека не сака плоштадот на биде “приватизиран” од страна на движењето но и дека се радува на “виталноста на париските млади”.

Екстремната десница го поддржува движењето но екстремната десница бара тоа да биде растурено.

Социјалистичката партија која е на власт стравува дека може да дојде до инциденти особено поради вонредната состојба во Франција која беше воведена по терористичките напади од 13 ноември 2015 година.

Движењето зафати повеќе европски земји како Германија, Белгија, Шпанија, Португалија, Холандија, Швајцарија или Луксембург.

#Шарена револуција Ноќно бдеење Париз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.