Published: Friday, January 16, 2015 18:16
Вооружениот кој денеска двајца заложници во пошта во севернозападното предградие на Париз, и се предал на полицијата.
Рекол дека е „разочаран во љубовта“, изјавиле локалните претставници.
Инцидентот започна околу 12 часот, кога мажот вооружен со калашников, пиштол и бомби, упаднал во пошта во Коломб, предградие во главниот град на Франција, каде во заложништво држеше двајца.
Напаѓачот е „разочаран во љубовта“, рекол еден претставник за весникот „Либерасион“ додавајќи дека станува збор за човек кој ја „изгубил главата“ и кој говори дека му е „скршено срцето“.
Тој и е познат на полицијата, и неговиот „вооружен грабеж“ не се поврзува со терористичка позадина.




