Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паркинзи за велосипеди во станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар

0
By Biljana on April 6, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 6, 2022 10:34

Новите инвеститори во Центар ќе мора за станарите да обезбедат и паркинг места за велосипеди.

Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на Општина Центар. Со неа се задолжуваат инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да се постават. Исто така, Општина Центар овозможува поставување на паркинзи за велосипеди и кај сите постојни станбени, деловни и други јавни објекти кои имаат простор за нивно поставување.

„Уредувањето и обезбедувањето на овие паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела треба да е правопропорционално на бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила предвидени и содржани во објектот кој е предмет на барањето, согласно Законот за градење, како и на веќе изградените станбени и други објекти кои не се предвидени за домување на територијата на Општина Центар“, информираат од Општината.

Општина Центар наложува минималниот потребен број на паркинг места за велосипеди кај новите и реновирани станбени згради со повеќе од три паркинг места за моторни возила да е две паркинг места за велосипеди за секоја станбена единица.

Општина Центар информира дека од вкупниот број паркинг места за велосипеди, минимум 50 отсто, треба да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, предвидени во приземјето или на првото подземно ниво на објектот, во документациите кои се дел од постапките за издавање
одобрение согласно Законот за градење.

Одредбите од оваа одлука се применуваат во постапките од Законот за градење, при што веќе изградените деловни објекти треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од две години од стапувањето на сила на оваа одлука, додека имателите на други објекти, кои не се предвидени за домување и кои имаат паркинг простор со повеќе од пет паркинг места за моторни возила, треба да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во рок од една година од стапувањето на сила на одлуката.

велосипеди Општина Центар Паркинзи за велосипеди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.