Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите денеска ги испраќаат последните пораки – од полноќ молк

0
By Нова ТВ on October 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На полноќ завршува дваесетдневната изборна кампања и почнува молкот пред локалните избори в недела.

Од полноќ престануваат и сите облици на изборно медиумско преставување, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

– Според изборниот законик за прекршување на изборниот молк ќе се смета емитување било какви информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат на одлуката на избирачите, податоци кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во соопштението од АВМУ.

Агенцијата ги потсетува радиодифузерите дека треба да ја прилагодат својата програма веднаш со започнувањето на изборниот молк за да избегнат какво било прекршување на изборниот молк, затоа што, како што посочуваат, согласно изборниот законик единствена мерка е покренување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Шестите локални избори во Македонија  ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Државната изборна комисија (ДИК) вчера започна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии (ОИК) за локалните избори закажани за в недела.

Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО ( избирачките одбори).

МВР соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат на 14 и 15 октомври, со што граѓаните и овие денови ќе можат да извадат лични карти.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота до 16:30 часот.

Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

На денот на изборите Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

В недела, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, од 7:00 до 19:00 часот ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Освен лично во канцелариите граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонските броеви во Канцеларијата во Скопје на 02 3129-327 и 3129-367, во Битола на 047 242-310, во Кичево на 045 228-586, во Куманово на 031 431-488, во Струмица на 034 329-996, во Тетово на 044 344-082 и во Штип на 032 389-701.

Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.

Дик изборен молк изборна кампања МВР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.