Веќе десетина час, вклучувајќи и една попладневна пауза од два часа, претставници на четирите партии се наоѓаат во резиденцијаата на амбасадорот на Европската унија во Пржино каде што се преговара за излез од политичката криза. Партиските групи разговараат за медиумите, изборите и временски рамки и изгледот на новата преодна влада. Се шпекулира дека постои можност истата да се формира некаде во август и да функционира по принципот мандат 100 дена до избори.
Жешкиот костен околу кој преговорите вечерва запнувале, како што дознава НОВА, се ингеренциите на министерот на МВР за предлози и смени во кадровската политика, а не одело лесно ниту со едно од најгорливите прашања – медиумите.
По вчерашната рунда преговори евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека е задоволен од работата на работните партиски групи засега била завршена добра работа, но се уште нема договор.
Работните групи во Пржино ги предводат Радмила Шеќеринска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.