Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите почнаа меѓусебни консултации за измените на Изборниот законик – почетокот не ветува „мазна“ дебата

0
By Mirjana on January 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 14:09

ВМРО-ДПМНЕ ги почна, како што велат, суштинските разговори со парламентарните партии потписници на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по што ќе разговараат и со другите парламентарни партии.

Формирањето една изборна единица, е носечка тема во разговорите за што веќе Предлог-законот е стигнат во собранието и на него веќе стојат потписите од неколку парламентарци, информира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

– Во текот на денешниот ден имавме средба со Демократскиот сојуз претставуван од колегата пратеник Павле Трајанов и со ВМРО – Народна партија и на средбата беше колегата пратеник Љупчо Балковски, со кој што поразговаравме за овие актуелни теми за кои што разговараме сега. Една изборна единица беше темата на разговорите за која што се дискутираше на тие средби и секако можноста за размислување односно нивните предлози за поставување на одреден праг при тие изборни процеси. Со различни идеи се политичките партии, на крај заклучивме дека овој процес треба да отпочне во насока на демократизација на државата. Гледаме дека се создава клима за оваа работа и процесот ќе продолжи и во наредниот период, изјави Мицевски.

Веќе утре ќе имало дополнителни средби и со други претставници на парламентарни партии, информира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски.

Во врска со реформите на изборниот законик од  Демократскиот сојуз предлагаат промени кои би се одвивале во три фази и тоа:

– Во првата фаза да се донесат измените на Изборниот законик, со кои Македонија ќе биде една изборна единица и без изборен праг

– Во втората фаза, да се направат коренити реформи на изборните правила, со кои ќе се отстранат системските предности на четирите партии, посебно во врска со медиумското претставување и финансирање на изборната кампања од Буџетот на државата

– Третата фаза, уставни промени со кои ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90, како определба на Демократскиот сојуз за рационализација не само со намалување на бројот на пратеници, туку и бројот на министерствата, бројните агенции, регулаторни тела и сл.

Ова се барањата на Демократскиот Сојуз за кои ќе се залагаат во дебатата за измените на Изборниот законик кој веќе влезе во собраниска процедура.

(М.Т.)

измени Изборен законик ПОЧНАА ПАРТИСКИ КОНСУЛТАЦИИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.