Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партијата на Едмонд Темелко не реагира на изјавата на Дода

1
By Влатко Чаловски on March 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и по четири дена се уште се нема произнесено за изјавата на Албанската пратеничка од Партијата за правда, интеграција и единство, која рече дека Македонија не постои и е „стара албанска покраина и се вика Илирида“.

НОВА стапи во контакт со генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европско интегрирање, Васил Стерјовски, кој на прашањето дали ја осудуваат изјавата на Месила Дода, одговори „Еве ја осудуваме сега. Ние секогаш сме реагирале“.

Кога го прашавме, зошто до сега не стигнало официјална реакција со осуда, ни рекоа да почекаме, по што ни спуштија слушалка и кога се обидовме повторно да ги добиеме, не ни одговараа на повиците.

Дода, неодамна при посета на Дебар, рече дека Албанците од Илирида треба да бараат целосни права.

Едмонд Темелко
Едмонд Темелко

„Ние сме подготвени да им помогнеме на нашите браќа Албанци од другата страна на границата. Нема да може ниту Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност“, рече пратеничката Дода.

Реакции на политичките партии

По нејзината изјава веднаш со реакција се јавија македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои оценија дека нејзината изјава не оди во прилог на добрососедските односи.

„Ваквите јавни настапи одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности за коишто се заложуваме“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, реагираа дека изјава на Дода била поради тоа што СДСМ ја отвориле „пандорината кутија“.

„Дода е последна во низата кои отворено застанаа против македонските национални интереси. Таа му порача на Заев дека доколку се повлече од тиранската платформа треба да се соберат сеалбанските политички сили за да се помогнат да се одржал референдум за Илирида. Тоа е цената на игрите на Заев со тиранската платформа која е спротивна на највисоките државни и национални интереси“, рече Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Но изјавата на пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство наиде и на реакции и коментари на социјалните мрежи од неколку истакнати личности од албанска етничка припадност, а помеѓу нив и активистот Замир Мехмети како и сопругата на музичарот Бени Шаќири, кои велат нејзината изјава не е добронамерна и не е добредојдена.

„Да ја потсетам госпоѓата Дода дека во Македонија никој не гласал за неа и затоа нема право да зборува во име на Албанците во Македонија! Исто така, сакам да ја известам дека ние веќе одамна сме одлучиле каква држава сакаме, и дека нејзината реторика е страшно дебилна, поготово во време на политичка и меѓуетничка криза. Ја повикувам јавно да се извини за овој дипломатски скандал! Јас се оградувам од нејзината изјава и очекувам истото да го направат и сите лидери на албанските партии во Македонија“, порача Лиса Баута Шаќири преку Фејсбук.

Замир Мехмети пак оценува дека ваквата реторика на Дода оди во прилог само на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Ако навистина се грижиш за Албанците во Македонија пратеничке Дода, би требало да знаеш дека твојата политичка реторика од пред некој ден не оди во полза на решавање на политичката криза, уште помалку им помага на Албанците. Му помага само на Груевски (кој го нарекувате антиалбанец) и на неговиот режим.
Албанците во Македонија го имаат изберено својот пат, а тоа е европска и граѓанска Македонија“, порача тој.

Албанци Заев изјава Илирида Македонија Месила Дода провокација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.