Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партијата на Ердоган ја почнува кампањата за претседателските и парламентарните избори

0
By Ана Василевска on April 11, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Реџеп Тајип Ердоган
Реџеп Тајип Ердоган
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конзервативната исламска Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска официјално ја започнува својата кампања во пресретна на претседателските и парламентарните избори, закажани на 14 мај.

Опозициските партии веќе ги започнаа своите кампањи за изборите, кои се одржуваат во сенка на разорната серија земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата, пренесува ДПА.

По 20 години на врвот на турската политика, првично како премиер, а потоа и како претседател, Ердоган (69) се соочува со тешка кампања, оценува германската новинска агенција.

Покрај наводите за лошо управување со кризата по земјотресот, земјата забележа годишна инфлација од околу 50 проценти.

Меѓу тројцата кандидати за претседател, шефот на централно-левичарската Републиканска-народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу (74), се смета дека има најдобри изгледи. Киличдароглу раководи со сојуз од шест партии.

Прокурдската ХДП, која има поддршка од околу 10 отсто од електоратот, не претстави кандидат. Ова се смета за индиректна поддршка за Киличдароглу.

Доколку ниту еден кандидат не обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг на претседателските избори, ќе има втор круг на 28 мај.

Околу 60,9 милиони луѓе имаат право на глас во самата Турција, а дополнителни 3,3 милиони во странство. Големата турска дијаспора ќе може да гласа од 27 април.

претседателски избори Реџеп Тајип Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.