Партијата Република во движење на францускиот претседател Емануел Макрон освои најмногу гласови во првиот круг на парламентарните избори, ги пренесува париски „Монд“ првичните резултати по затворање на избирачките места.
Центристичкото движење на Макрон освои од 32,2 до 32,9 отсто од гласовите, десничарските Републиканци 20,9 до 21,5 проценти, екстремно десничарскиот Национален фронт околу 14 отсто, радикалната левица 11 проценти, а социјалистите кои до скоро беа на власт 10,2 отсто од гласовите.
Република во движење убедливо ги освои и гласовите на Французите кои живеат во странство, пренесува „Монд“.
Агенцијата Франс јавува дека партијата на Макрон би можела да освои апсолутно мнозинство во парламентот од 577 места.
Се проценува дека Република во движење би можела да освои околу 400 места после вториот круг закажан за 18. Јуни, што е далеку повеќе од 289 колку што е неопходно за парламентарно мнозинство.
Изборите ги одбележа слаб одѕив на гласачите.
Во Франција и натаму на сила е вонредна состојба воведена во 2015. година после неколку терористички напади во кои загинаа 239 лица.
Вториот круг на парламентарните избори е закажан за 18. јуни.