Владејачката партија ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел доживеа пораз на изборите во северо-источната германска покраина Мекленбург – Западна Померанија, освојувајќи трето место, покажуваат излезните анкети.
Најдобар резултат остварија Социјалдемократите, додека на второ место е антиимиграциската и антиисламистичката Алтернатива за Германија, која првпат учествува на избори.
Според излезните анкети на телевизиите АРД и ЗДФ, Социјалдемократите освоиле околу 30 отсто гласови, АФД 21, додека ЦДУ 19 отсто, што е најлош резултат на демохристијаните во оваа покраина во која се наоѓа изборната едници на самата канцеларка Меркел.
Сите партии освен АФД освоија помалку од претходно.
Инаку денешните регионални избори се сметаат за клучен показател на расположението на граѓаните пред парламентарните избори следната година.





