Арбнора Мемети: Желбата независноста на државата да се присвои како нешто ВМРО-вско, како заслуга која им припаѓа исклучиво на ВМРО, притоа негирајќи го постоењето на сите други заедници во државата и на секој што има поинакво мислење од ВМРО, е проблематично.
И по толку години независност, не знам дали нашата држава некогаш навистина ја почувствувала независноста. Со години е заробена од истите политички актери, само во различни форми.
За независноста и слободата на оваа држава заслуга имаат и моите родители, и моите баби и дедовци, како и родителите, бабите и дедовците на многу други граѓани.
Заслуга имам и јас, како и секој млад човек кој продолжува да живее во оваа држава, да придонесува на различни начини и да се бори против партискиот систем кој прави сè за да нè натера да си заминеме.
Извор: Фејсбук



