Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиските работни групи во нов обид за компромис за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on January 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова средба на партиските работни групи во поширок формат, односно со присуство на претставници на сите пратенички групи ќе се одржи денеска за законот за јавно обвинителство. По средбата во Собранието, ќе се знае дали ќе се надминат отворените прашања меѓу власта и опозицијата и дали конечно Предлог-законот, конечно, ќе се најде на пленарна седница.

Средбата, како што напиша на Фејсбук министерката за правда Рента Дескоска, е со цел да се усогласи текстот што ќе влезе во собраниска процедура. Според Дескоска, овој Предлог-закон подразбира градење силно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој покрај тековните надлежности што ги има, ќе ги преземе и случаите што ги водеше Специјалното јавно обвинителство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница.

„Има таква деловничка можност“, изјави Џафери и додаде дека сè зависи од волјата на парламентарниот состав.

И премиерот Оливер Спасовски нагласува дека е важно да се донесе законско решение што ќе значи, пред сè, овозможување правда за секој граѓанин во државата и законско решение, како што вели, кое нема да дозволи штитење на кој било поединец без разлика дали тој е дел од оваа влада или од претходната влада, дали е на било која позиција во државата или е обичен граѓанин.

Јавната дебата што се водеше во Собранието, оцени премиерот Спасовски, покажа дека навистина има што да се слушне од страна на експертите, кои објективно и во рамките на својата експертиза можат да кажат сопствено мислење во однос на законското решение.

Доскорешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев очекува договор за законот за јавно обвинителство, затоа што, како што вели, на сите им стана јасно дека се работи за правно формално решение што е потребно на државата. Апелира, по одржаната јавна расправа во Собранието, во наредните три дена партиите да ги оформат сите предлози, тие во форма на амандмани да бидат вградени во законот и Владата во понеделник да го достави до Собранието и тој да биде изгласан до пред распуштање на Парламентот.

„Донесувањето на законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“, вели Заев.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство, изјави дека јавната расправа во голем дел дала потврда на многу забелешки што претходно ги изнела опозицијата за овој, како што рече, некомплетен и со многу недостатоци закон.

„Единствено тие што работеа на овој текст си ја пофалија својата работа, како академикот Камбовски, додека стручната јавност беше прилично конкретна и критична. Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог-закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството што го предлага“, рече Милошоски.

Додека траеше експертската дебата за законот, евроамбасадорот Самуел Жбогар на Твитер напиша дека се надеваат оти законот за јавно обвинителство ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието.

„Земјата треба да продолжи да ја покажува својата посветеност на реформи особено во клучни области“, напиша Жбогар, посочувајќи дека предложеното законско решение е добра основа за да се донесе консензуална одлука.

За надминување на партиските интереси и усвојување на законот за јавно обвинителство повика и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Новиот Предлог-закон за јавно обвинителство се очекува да биде донесен до 12 февруари, кога треба да се распушти овој собраниски состав. За неговото донесување е неопходно двотретинско мнозинство.

Закон за ЈО Македонија Работнички групи средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.