Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партнерот на Стојановска со богато криминално досие

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: telma.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веста за приведување на познатата македонската актерка Силвија Стојановска крена голем прав во јавноста. Со полициска прудружба, вчера попладне, таа беше изведена пред судија на претходна постапка кој и одреди куќен притвор во траење од 30 дена додека нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ заврши во притвор. Засега ниту една од надлежните инсистуции не открива детали околу овој случај за кој јавноста има многу прашалници: дали има и каква е улогата на Стојановска во случајот со трговија на големо количество на кокаин, дали е жртва или директен соучесник во скандалот, кој е нејзиниот партнер Будисављевиќ, какво е негово криминално досие, итн.

Будисављевиќ, сепак, не е непознат за овдешната јавност. Пред десет години (2009) беше партнер и на Персида Момировска, алијас „Мадам Пепи“, која ја снабдуваше со брендираната гардероба од Германија и од Италија, дури и српската естрада, но и со кокаин од Перу кој наводно го набавувал токму Будисављевиќ. Момировска „падна“ во раце на полиција и беше осудена на пет години затвор што не беше случај и со Будисављевиќ кој успеа да пребегне во соседна Србија. Во Македонија беше екстрадиран по четири години од избивање на скандалот и распишаната меѓународна потерница. Го испорача Белгија која патем го уапси во 2013 година за извршени кривични дела и на нејзина територија за издржување на три пол годишната затворска казна што ја доби во отсуство за фалсификување на лични документи во земјава.

Неофицијално, случувањата во Македонија на некој начин се рефлексија на операција на шпанската полиција која во стан на братот на Будисављевиќ открила податоци за трговија со наводни 700 килограми кокаин. Извори од истрагата за Нова ТВ потврдуваат дека станува збор за браќа со дебело криминално досие кои се добро познати на пазарот со наркотици. Тие, сепак, не откриваат детали од комуникацијата со шпанската полиција, односно дали при претрес на станот во Мадрид била пронајдена и дрога како крунски доказ во случајот.

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека станува збор за добро организирана група што подолг период била внимателно следена, вклучувајќи ги и финансиските трансакции, притоа нагласувајќи дека поголеми количества на дрога се пронајдени во повеќе градови во Шпанија.

Стојановска, вчера доцна вечерта, на излегување од Кривичниот суд, откако даде исказ, на прашањето дали е приведена поради дрога само кратко одговори „Боже, боже“.

Воислав Будисављевиќ Силвија Стојановска Случај „кокаин“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.