Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патници го опишуваат хоророт на летот на SpiceJet во Индија: „Авионот скокаше како топче на ветар“

0
By Соња Крамарска on May 3, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 3, 2022 14:47

Најмалку 17 лица се повредени на летот на SpiceJet во Индија, откако авионот влегол во силни турбуленции пред да слета во неделата вечерта. Боингот 737, со околу 200 патници и членови на екипажот, патувал од Мумбаи до Дургапур. Амит Баул, кој бил на летот, раскажува за хоророт што го преживеале патниците, некои од нив и со тешки повреди.

„Беше топла неделна вечер во Мумбаи кога полетавме во 17.13 на два часа лет до источниот град Дургапур, каде што живеам и работам како бизнисмен. Немаше ништо невообичаено за време на летот: авионот беше полн според дозволениот капацитет, храната се служеше навреме, а патниците или дремеа или си гледаа во мобилните телефони. Летав меѓу Мумбаи и Дургапур пет пати во последните четири месеци и го сакав SpiceJet бидејќи нуди директен лет.

Триесет и пет минути пред планираното слетување почувствував мала турбуленција, но не видов ништо чудно вo тоа. Бев седнат на седиште во последниот ред и го врзав појасот. Но, како што почнавме да се спуштаме, работите се влошија. Следните 15-17 минути беа најстрашните моменти во мојот живот. Не знам дали влетавме во бура, но авионот почна да скока горе-долу и настрана. Боингот 737 скокаше горе-долу како гумена топка.

Се чувствував како да ме фрлиле од зграда од 100 ката, а потоа повторно да ме исфрлат на истата височина за неколку секунди. Го стегнав појасот и цврсто се држев за рачката на седиштето. Видов патници, кои заборавиле да ги врзат појасите, како турбуленцијата ги фрла горе-долу од нивните седишта и удираа во просторот за багаж. Тие беа тешко повредени. Двајца мажи што седеа до мене, исто така, беа повредени затоа што веројатно не ги врзале добро појасите.

Пред мене седеше жена со нејзината 11-годишна ќерка. Неколку пати беа исфрлени од нивните седишта, при што главите им удираа во корпата за багаж. На крајот жената падна врз моите нозе, кои ги имав испружено меѓу редот седишта. Таа беше толку тешко повредена што остана на подот, држејќи се за рачките на седиштето.

Патниците плачеа и викаа. Некои почнаа да се молат. Се обидов да погледнам низ прозорецот и забележав дека е темно. Пилотот постојано повикуваше патниците да ги врзат појасите. Беше целосен хаос. Леташе отпад од храна, остатоци од чашите и лименките од пијалоци го блокираа движењето низ авионот. Летаа послужавници за храна и рачки од седиштата.

Се отворија панелите за кислород и маските паднаа надолу. Толку многу луѓе се повредија, видов дамки од крв на таванот. Патниците избезумено бараа мраз за да ја намалат болката и отокот од раните. Викавме: ‘Направете нешто брзо’! ‘Само молете се, продолжете да се молите’, извикуваше еден патник. Во еден момент помислив дека никогаш веќе нема да си отидам дома.

Кога авионот конечно слета во 19.15 часот, се чувствував како да сум се вратил од канџите на смртта. Сите им се заблагодаривме на пилотите“.

Патникот вели и дека и на земјата, продолжила агонијата, бидејќи возилата на брза помош стигнале после еден час од слетувањето. „Немаше лекари на повидок. Еден болничар даваше лекови против болки и ставаше завои. Немаше доволно инвалидски колички. Многу патници куцаа кон салата за пристигнување. Беше јасно дека аеродромот во Дургапур нема основни медицински установи.

Кога отидов во болница подоцна во вечерните часови за да направам рендген на отокот на моето стапало, видов многу од моите сопатници како се лекуваат од рани и добиваат снимки. Дознав дека жената со детето на предното седиште се здобила со многу тешки повреди во стомакот и рамената“.

Индискиот регулатор за цивилно воздухопловство нареди истрага за инцидентот. Во соопштението се вели дека авионот доживеал „тешки турбуленции“ за време на спуштањето, а „автопилотот откажал две минути и екипажот рачно управувал со авионот“. (Би-Би-Си)

индиски авион сведоштво турбуленции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

ВЕСТИ August 11, 2026

Дипломатка од Костарика се појави како фаворитка за нов генерален секретар на Обединетите нации, привлекувајќи…

Колумбија: Разорен земјотрес од 7.4 степени – голем број настрадани

August 10, 2026

Дваесет и пет години од кукавичкиот напад во кој загинаа осумина резервисти кај Љуботенски бачила

August 10, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

August 9, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.