Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патниците на „Луфтханза“ ќе летаат со „Македонисимо“ на Трпчевски

0
By Нова ТВ on December 3, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 3, 2020 09:38

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески стана дел и од елитното друштво ѕвездени имиња кои една од водечките светски авиокомпании „Луфтханза“ им ги препорачува на своите патници.

Имено, како што посочуваат од КултурОп прес, сите патници во воздухопловите на овој гигант во иднина ќе можат да уживаат и во изборот што македонскиот пијано виртуоз го направи од свои, но и од изведби на светски уметници. Секако, додаваат, Трпчески и во оваа прилика на патниците им нуди и фрагмент од својот проект „Македонисимо“, инспириран од нашиот фолклор.

„Македонскиот пијанист славен низ светот поради експресивниот начин на изведба и харизматичното сценско присуство, Симон Трпчески, избра некои од своите омилени музички дела, ексклузивно за „Луфтханза“, најавува компанијата, чии патници во избор на Трпчески веќе можат да уживаат во 16 внимателно одбрани дела (од кои осум се во негова изведба).

Пет од нив се фрагменти од прославата на македонската музика низ проектот „Македонисимо“ што Трпчески го изведува со своите музички пријатели се вели во соопштението.

Во изјавата за Македонското радио по овој повод, Симон Трпчески подвлече: „Навистина ми е многу мило што сум дел од програмата на летовите на „Луфтханза“, компанија која е еден од реперите во авиосообраќајот. Да се биде дел од нивните програми што ги слушаат илјадници патници е голема чест, а јас се определив за дела секако во рамките на правилата на Уметничкиот одбор на компанијата и можностите со авторските права. Се надевам дека на патниците ќе им се допадне мојот разновиден избор од пијанистичка и симфониска литература, но и со мал дел од „Македонисимо“, во функција на натамошна афирмација на македонската народна музика изведена на такво високо ниво. Ова е многу убаво и се надоврзува на номинацијата во потесен круг на Наградите на Германската музичка критика токму со албумот „Македонисимо“ што излезе под етикетата на „Лин Рекордс“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.