Published: Tuesday, July 28, 2026 19:16
Борче Трајковски: Некој ко мене ќе напише Северна пред Македонија, и ете ти ги заштитниците на името од групата “Никогаш Северна – само Македонија“ со списокот спремен за предавниците …
А кога нивниот лидер, актулниот премиер, кога претседателката избрана од нив, кога министрите и пратениците ќе напишат или јавно ќе ја наречат државава Северна Македонија, пропаѓаат некаде, ги снемува. Не реагираа и на лагата дека нивните „патриоти“ веднаш по превземањето власт ќе го избришат Северна пред името дека ќе го прогласат за неважечки преспанскиот договор.
Не.
Пак ги снемува, ама кога овде на ФБ некој обичен ќе напише Северна, излегуваат од скривниците и око ќе ти извадат …
На кантар студен со туч да ги мериш нема да ги измериш …
Извор: Фејсбук



