Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патриотизмот бил пат во просперитет!

0
By Zoran Ivanov on May 30, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 30, 2025 20:01

Бранко Тричковски

“Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради! Македонија, иако мала, никогаш не се откажа од својот идентитет. Низ нашата многувековна историја научивме дека слободата се плаќа со жртви”, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на конференцијата на конзрвативни партии ЦПАЦ (The Conservative Political Action Conference) што се одржува во Будимпешта.

Освен оваа тралалајка Мицковски го прочита комплетното ретроградно евангелие на баналниот популизам маскиран во конзервативизам.

Неподносливо количество празни фрази кои животот може да си ги закачи на опашката и со бучавата да ја покрива безидејноста на десницата која никако да излезе од минатиот и предминатиот век.

Еве некои парчиња од таа партитура која на популистите ќе им звучи како руска химна, а за нормалнигте како јасен знак дека следи време на беда, просташтво и глупости, односно дека е време да си купат резерви конзерви брашно и други животни намирници за три- четири години.

“Доаѓам од место во кое вековите нè научија дека вистинската сила доаѓа од верноста кон вечните вредности со кои никогаш не смее да се прават компромиси.“

Како ви се допаѓа оваа блаблаблана во цис дур?!

“Лажните наративи се обидуваат да ги избришат или да ги релативизираат нашите национални идентитети, конзервативците се тука за да го потврдат спротивното.”

Добро, и!

Што ќе имаме за вечера?

Молам?

“Патриотизмот не е некаква ретро-идеја, туку единствен пат кон просперитетна иднина.”

Така, значи, патриотизмот е пат кон просперитетна иднина. Патриотизмот. Не парната локомотива и струјата, не вештачката ингелигенција и медицината, не интернетот?

“Благословени се оние кои се гладни и жедни за правда, бидејќи тие ќе се наситат.”

Па како се сети на Матеј.

Ние што сме гладни и жедни за правда ќе умреме, бе Мицко, каков Матеј каква Будимпешта каква ЦПАЦ, не ти е малку срам?

“Во време кога христијанските вредности секој ден се напаѓаат, исмејуваат и исклучуваат од јавниот дискурс, ние сме повеќе од сигурни: никогаш нема да се откажеме од духовното наследство на рамноапостолите, светите браќа Кирил и Методиј кои од Македонија ја донесоа писменоста и христијанството помеѓу словенскиот свет“

Значи со Господ, со Кирил и Методиј-напред!

Мој фаворит е Господ.

Во Кирил и Методиј не верувам затоа што нивното културно наследство во ликот на денешните Македонци е катастрофално.

“Татковината не е само географски поим, туку живо ткиво составено од историја, традиција и заеднички стремежи.”

Браво!

Ова е за Греми во конкуренција народни песни, игри и ора!

Значи од толкава говоранција успеа со ниту едно зборче да го погодиш животот. Твоите фразетини се јавија како панцири кои го одбранија животот од твоите празнини.

Типот што ти го пишувал говорот има талент за митингашки ура ура обраќања за кревање на температурата кај болните народнк маси, но за премиерски програмски говори треба да си бараш друг писател. Но ти немаш такви намери и амбиции. Така?

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

колумна Мицкоски тричковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.