Published: Saturday, October 24, 2015 21:05
Ураганот „Патриша“ утрово ги погоди ретко населените области од пацифичкото крајбрежје на Мексико со максимални ветрови до 270 километри на час.
За среќа, постепено ја загубил силата, иако многумина предупредуваа дека наидува најсилниот разорен ураган во земјата, по што околу 400.000 луѓе беа евакуирани.
Властите во Мексико предупредија за опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Многу луѓе ги напуштиле своите домови поради поплавите, но засега нема жртви. 15 000 туристи беа евакуирани од одморалиштето Порто Варта.
„Патриша“ е сепак најсилниот ураган регистриран некогаш во западната хемисфера.




