Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патрола на МВР со радар во Тетово: Се вози со над 100 км./ч. по градските булевари

0
By Sashko on June 10, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Булеварот „Маршал Тито“ што претставува влез и излез на Тетово кон Скопје наликува на тркачка патека на која речиси сите ја надминуваат дозволената брзина за движење. Ова е генералниот впечаток од следењето на екипата на сообраќајната полиција која вчеравечер контролираше дали и колку се почитува дозволената брзина со помош на ноќен радар.

Половина час ја следевме работата на полиција, па дури и без ноќен радар, само да се набљудуваат и да се слуша бучавата која ја прават автомобилите, е доволно да се утврди дека брзо се вози иако станува збор за градско подрачје.

Ноќниот радар беше поставен на булеварот веднаш по надвозникот, поточно на излезот за стариот пат кон Скопје. Други полицијаци беа поставени неколку стотини метри подолу и имаа задача по информацијата од колегата од радарот да го запрат возилото. Имаа многу работа и во текот на целото време додека ја следевме нивната работа во ист момент по пет-шест автомобили беа запрени и им се изрекуваше казна за сторениот прекршок. Кога останатите возачи го забележаа овој метеж, почна и „блиндирање“, кратко и отсечно пуштање на долгите светла, со кои „солидарно“ ги известуваа другите автомобили од спротивен правец дека има полициска контрола.

Фото: mia.mk

За време на следењето на работа најголема брзина која ја „фати“ радарот беше 114 километри на час.  На оваа делница позната кај тетовци како „Монопол“ пред извесно време беше утврдено дека некој возел дури и 142 километри на час.

– Ова е градско подрачје и ограничувањето е да се вози 50 километри на час. Ако возачот вози до 80 километри на час ќе добие 45 евра казна без санкција. Ако вози над 80 или 70 повеќе од пропишаното е 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци. Висината ја изрекува судот, изјави Зоранчо Талев, командир на Полициската станица за безбедноста во патниот сообраќај во Тетово, со кого ја следевме работата на патролата со ноќен радар.

Оваа направа тетовската сообраќајна полиција почна да ја користи од оваа година кога првпат е набавена. Има дигитален екран на кој се поставуваат податоци. Командирот ја впиша ограничената брзина од 50 по што радарот почна да ги следи оние кои ја преминуваат оваа дозволена граница.  

– Целта е да се намалат овие тешки сообраќајни прекршоци, односно возење многу повеќе од дозволеното. Радарот со помош на опцијата трекинг ги следи возилата кои се движат над дозволеното и дава податоци колку точно е брзината, а воедно се снима неговото движење. Токму овој радар ни помогна да откриеме дека особено многу брзо се вози дури над 100 километри на час низ градските улици. Тоа не е дозволиво на вакво место бидејќи е фреквентно, има и голем број пешаци, губењето на котрола на возилото значи голема опасност за потенцијална жртви, објаснува командирот Талев.

Патролата со ноќниот радар беше и на автопатот Тетово-Гостивар. Кај клучката Камењане, во правец кон Тетово, се мереше брзината, а додека ние ја следевме контролата, беше утврдена брзина од 152 километри на час.

– На овој патен правец Тетово – Гостивар ограничувањето е 80 километри на час. Со 152 километри на час се изрекува забрана од шест месеци за управување возило и 400 евра парична казна затоа што е 70 километри на час повеќе од дозволеното, потенцира Талев.

Радарот за работа ноќно време користи технологија на сензори со инфрацрвена светлина со чија помош може да се следат возилата. Користи акумулаторска батерија.  Полицајците утврдија вкупно 19 пречекорувања. Само во последните неколку контроли за време на викендот казнети се 150 возачи на тетовското подрачје.

Возење Македонија МВР Радар Сообраќајна патрола Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.