Борба за најдобра корона-апликација

Моментно како апликација со најголеми шанси да стане официјална се смета еден европски заеднички проект, кој би требало да функционира врз основа на блутут технологија. На овој проект во меѓувреме се ангажирани околу 130 експерти, а тој го носи името ПЕПП-ТП (Pan European Privacy-Protecting Proximity Tracing). Слично функционира и успешната апликација од Сингапур, „Trace-Together". Но, во европскиот проект свесно се дистанцираат од неа, мобилните телефони во европскиот модел, за разлика од апликацијата „Trace Together" - не се поврзуваат, го објаснува Вигенд принципот на европската апликација. Во Сингапур освен тоа мора да се даде бројот на телефонот