Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти со дијабетес шест дена без инсулин и игли за лекот

0
By Менче Атанасова Точи on October 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во повеќе градови во државата шести ден нема инсулин. Пациенти од Тетово потврдија дека нема неколку видови на инсулин и дека биле вратени од инсулинската аптека.

„Во 12 и 30 часот бев ме вратија и мене, нема од инсулинот кој го користам и не знам што да правам. Ова не е првпат, секој месец се случува по неколку дена да нема инсулин“, изјави за НОВА, Душко Игневски, пациент и претседател на здружението на лица со дијабетес од Тетово.

Во паника се пациентите со дијабетес и од други градови. Страшо Блажевски, дијабетичар и член на здружението од Македонски Брод вели дека нема веќе инсулин дома и затоа морал да земе од друг вид кој не му одговара на организмот.

„Кога отидов во аптека ми рекоа дека имало многу повратници од странство и заради тоа им скратиле од количините на инсулин овој месец. Ми рекоа дека ќе ми јават кога ќе стигне пратката со инсулин. Јас немам ниту едно пенкало, користам друг инсулин но шеќерот ми се качува, никако да се стабилизира“, изјави Блажевски за НОВА.

Тој објаснува дека минатата година секој месец на пациентите со дијабетес им било кратено по едно пенкало инсулин, а лекот доцни секој месец. Но, не е само инсулинот во прашање. Пациенти од Скопје кои до вчера не можеа да подигнат инсулин денеска успеале да земат но, не им дале игли така што немаат со што да го ставаат инсулинот.

За разлика од пациентите со дијабетес, во Министерството за здравство тврдат дека во моментов во државава има доволно потребни количини инсулин, игли и ленти за инсулин. Од таму тврдат дека имало технички проблем во дистрибуцијата но, не објаснија за каков технички проблем станува збор.

„Во овој случај, станува збор само за технички проблем настанат при самата дистрибуција и истиот е веќе надминат по насока на стручните служби на Министерството за здравство. Веќе се дистрибуираaт потребните количини во инсулинските аптеки низ државата, додека во Скопје е завршена дистрибуцијата и потребниот инсулин може да биде подигнат од страна на пациентите“, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

Пациентите со дијабетес во последните неколку години постојано имаат проблем со инсулинот кој доцни секој месец. Тие се организираат преку социјалните мрежи и здруженијата при што си позајмуваат инсулини едни на други.

 

инсулин недостиг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.