Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациентот што скокна од прозорец на Неврохирургија едвај спасил жива глава, сега е на КАРИЛ

0
By НОВА ТВ Balaban on April 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2022 15:25

Опериран пред неколку дена од тумор на мозокот, пациентот којшто ноќеска скокна од прозорец на Клиниката за неврохирургија, се здобил со повеќе скршеници и со крвавење во стомакот, а вистинска среќа е што при падот не ја повредил и главата. По овие интервенции на главата, може да се случи промена во однесувањето, болниот да стане агресивен, велат лекарите. Но може да се јават и други нарушувања, како психички растројства.  

Пациентот од Свети Николе што ноќеска скокна низ прозорец од првиот кат на  Неврохирургија, едвај спасил жива глава – тој заврши со неколку скршеници на ногата, ребрата, но и со други повреди. Добил и крвавење во стомакот, по што бил итно опериран и сега е префрлен на КАРИЛ, потврдија за НоваТВ од Универзитетската Клиника за неврохирургија.

Пред да скокне, тој нападнал друг пациент и болничар, кон кои фрлал предмети. На Клиниката објаснуваат дека не е првпат да се случат вакви инциденти и хоспитализирани пациенти агресивно да се однесуваат. Но за тоа, нагласуваат лекарите, најчесто има и причина.

– За жал, не е првпат. Регистрирани се и други инциденти кога оперирани пациенти агресивно се однесуваат, а претпоставуваме дека имал некоја акутна психоза пациентот, па скокнал низ прозорец од 1-иот кат. При падот се здобил со неколку фрактури на ногата, а има и скршени ребра. Тој добил и крвавење во стомакот, па морал да биде и опериран, по што е префрлен на КАРИЛ. Среќа е што во целиот инцидент при падот тој не добил повреди и на главата. Поради крвавење во стомакот и другите повреди морало да се изврши хируршка интервенција. Пациентот сега е во стабилна состојба, појаснува в.д. директорот на Клиниката, д-р Александар Жупаноски.

Од Неврохирургија по инцидентот повикале полиција и направен е записник за случајот.

За агресивното однесување на 62-годишниот пациент од Свети Николе кој фрлал предмети кон другиот пациент и кон  болничарот коишто се обидувале да го смират, неврохирузите откриваат која може да е причината.    

– Овој пациент бил опериран од тумор на мозокот и по овие интервенции може да се случи промена во однесувањето и да стане агресивен. Може да се јават и други нарушувања, како психички  растројства и друго. Овие нарушувања се познати и опишани и во литературата и се очекувани по операции на тумори во глава и други невролошки процеси, додаваат неврохирурзите.

Во врска со тоа ќе биде ли дополнително обезбеден одделот каде се  хоспитализираат пациентите, појаснуваат:

– Не можеме да ставаме решетки на прозорците, не сме психијатрија. Се преземаат и дополнителни мерки, токму заради вакви можни настани, но некогаш семејствата на пациентите реагираат, велат на клиниката.  

Љубица Балабан

 

Александар Жупаноски. инцидентот неврохирургија прозорец скокнал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.