Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Паве Трајанов преживеал сообраќајна несреќа за време на викендот.
Во судирот помеѓу Фиат Пунто и Шкода, со која управувал Трајанов, повредени се четворица, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Сообраќајната несреќа се случила во саботата на автопатот Е-75, околу 16 часот.
Во изјава за Нова, лидерот на ДС вели, се чувствува добро, а направена е само материјална штета.
Возилото Фиат Пунто престигнувало цела колона, на полна линија и директно удрило во возилото на Трајанов.