Веќе е даден налог за инспекциски надзор врз дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, изјави за НоваТВ директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.
Таа потврди дека оваа дискотека немала лиценца за работа како ноќен клуб.
Како се случило и покрај тоа што немал дозвола, овој клуб сепак да работи, ќе покаже инспекцискиот надзор.
Пред оваа дискотека во четвртокот изутрина до смрт беше претепан 28-годишниот ракометар Денис Тот.
Претходно, министерот за економија, Крешник Бектеши, за „Слободен печат“ изјави дека дискотеката „Привилиџ“, немала лиценца за работа.
(Љ.Б.)