Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пазарните инспектори ќе контролираат, финансиска полиција ќе легитимира

0
By Нова ТВ on June 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 11, 2020 15:02

Пазарните инспектори од денеска ќе вршат контрола на угостителските објекти заедно со претставници на финансиската полиција кои имаат законско право да вршат легитимирање на гостите. Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски ги предупреди угостителите дека овој протокол по барање на Комисијата за заразни болести продолжува да се применува.

„Да ги предупредиме угостителите дека и овој протокол по барање на Комисијата за заразни блести продолжува да се применува, а за да се легитимираат лицата, од денеска контроли ќе прави и финансиска полиција која има право да легитимира. Направен е разговор и со обвинител како да се постапува“, нагласи Пауновски, додавајќи дека досега не е казнет ниту еден угостител кој дозволил четворица гости да седат на иста маса.

Според Пауновски, најголемиот број преземени мерки од повторното отворање на угостителските објекти досега, се за служење гости во внатрешниот дел, недоволно обезбедени дезинфекциски средства и прекувремено работно време.

„Казните поднесувани во овој период, посебно кривичните, се за овие грешки на угостителите. Но, угостителите се казнувани и за нерегистрирана дејност. Многу од нив работеле како нерегистрирани или во почетокок на пандемијата се одјавиле, а сега пак почнале да работат како нерегистрирани. Такви има многу случаи и против нив се преземени мерки“, рече Пауновски на прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш истакна дека мерките се носат за заштита на граѓаните, а не за некој да не ги почитува и да биде казнет. Од свеста и совеста на граѓаните ќе зависи дали ќе има казни или не, подвлече Пауновски. На прашањето зошто се казнуваат хотелите кои примат гости кога со уредба не се затворени, директорот на Инспекторатот напомена дека е во тек носењето протоколи за нивно отворање.

„Владата и Комисијата за заразни болести во Уредбата 22 забранува работење на сите угостителски објекти. Во Законот за угостителство во член 18 и 19 многу убаво е нагласено што спаѓа во угостителска дејност. Тука се и хотелите. Одговорно тврдам дека Инспектратот работи согласно уредбите и членовите од законите. За отворање на хотелите се подготвуваат протколи“, рече Пауновски.

Запрашан дали се контролираат угостителските објекти и дали има казни во Тетово, тој беше дециден дека од отворањето на угостителските објекти досега 473 субјекти се исконтролирани, кај 36 се преземени мерки, 26 се затворени и изречени се пет кривични пријави.

„Контролите се зајакнати на ниво на цела држава, посебно во регионите како Куманово, Скопје, Тетово и околните опшптини, но се вршат и низ цела држава. Во Тетовско има инспектори, дополнително зајакнати со инспектори од Гостивар и од Скопје. Контролите продолжуваат, од денеска зајакнати со финансиска полиција, МВР и ЕБР. Она што ние дадено како задача од Владата, ќе сториме максимум да го исполниме“, дополни Пауновски.

Претходно, директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини информира дека најголемиот број казни за јавниот превоз досега се изречени поради непочитување на основните мерки согласно кои превозникот има обврска да ги дезинфицира возилата, да го ограничи бројот на патници до максимум 50 отсто и да гарантира дека сите патници носат заштитни маски и ракавици.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска соопшти сите шест инспекциски институции од 4 до 9 јуни извршиле 4.194 вонредни надзори.

Филиповска Грашкоска најави засилени контроли во Скопје и уште неколку други општини каде што е регистриран поголем број заразени со коронавирусот, но, нема да се занемерат, рече, и другите општини и населени места. Многу е важно стопанствениците да ги почитуваат протоколите, а граѓаните да реагираат ако забележат некакви пропусти и притоа тие лично да ги применуваат заштитните мерки, напомена претседателката на Инспекцискиот совет, додавајќи дека инпсекторите ќе бидат строги во контролите и ќе изрекуваат санкции ако утврдат недоследности.

Инспекции Магдалена Филиповска Грашкоска Протоколи Стојко Пауновски угостители финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.