Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пазарот на морска храна и диви животни е во фокусот на потрагата по потеклото на новиот коронавирус

0
By Ана Василевска on April 7, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Научници во Кина
Научници во Кина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинеските научници објавија резултати од анализа на примероци земени пред повеќе од три години од пазар во градот Вухан поврзан со појавата на Ковид-19, јави Би-Би-Си. 

Пазарот на морска храна и диви животни е во фокусот на потрагата по потеклото на новиот коронавирус. Ова е прва рецензирана студија за биолошки податоци собрани таму во 2020 година, поврзувајќи го вирусот со животни продадени на пазарот. Тоа би можело да даде нови насоки за проучување како настанала инфекцијата. 

Податоците покажуваат дека позитивните примероци за вирусот содржат и генетски материјал од диви животни. 

Кинескиот истражувачки тим објави рана верзија на нивното истражување на интернет во февруари, но не и целосни генетски информации за примероците собрани од пазарот. 

Друга меѓународна група на истражувачи подоцна даде своја сопствена проценка за тоа што тие примероци на пазарот открија откако експертите ги видоа објавените генетски секвенци на веб-страница за научна размена на податоци. 

Оваа нова анализа, која беше потврдена од други научници пред да биде објавена во списанието Nature, вклучува поважни детали за содржината на овие примероци, кои беа собрани од пазарните тезги, површини, кафези и опрема. 

Написот на кинескиот истражувачки тим покажува дека некои примероци собрани од областите каде што се продаваат диви животни се позитивни на новиот коронавирус. Според нивните анализи, на овие локации живи се продаваат животни кои сега се познати како подложни на вирусот, особено кучињата  ракун. Но, кинеските истражувачи истакнуваат дека нивните наоди не даваат дефинитивен доказ за тоа како започнала епидемијата. 

„Овие еколошки примероци не можат да докажат дека животните биле заразени“, објаснуваат тие. 

Останува можноста вирусот да е внесен на пазарот од заразено лице, а не од животно. 

„Што е најважно, оваа многу важна база на податоци сега е објавена и достапна за другите да работат“, изјави професорот Дејвид Робертсон од Универзитетот во Глазгов за Би-Би-Си. Тој е виролог кој е вклучен во генетската студија за потеклото на САРС-КоВ-2 од нејзиното појавување во 2020 година. Тој додаде дека содржината на примероците е „убедлив доказ дека животните таму веројатно биле заразени со вирусот“. 

„Сите докази се важни. Кога ќе го комбинирате тоа со фактот дека раните случаи на Ковид-19 во Вухан беа поврзани со пазарот, тоа е силен доказ дека тука се случило пренесување (на вирусот) од животно на пазарот“, вели Робертсон.

Кинеската влада силно ги отфрла сугестиите дека вирусот потекнува од научна установа, но ФБИ рече дека сега го смета тоа сценарио „најверојатно“, како и американското Министерство за енергетика. 

Водечкиот научник во новата студија е од кинескиот центар за контрола и превенција на болести во Пекинг.

Кина Коронавирус Научни податоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.