Според некои информации, тој имал намера да ги смири пчелите со дим од цигара, но кога помладиот се вратил од шумата, наводно го нашол во тешка состојба на земја, пишува „Дневник“.

Во околината на Шкофја Лока во Словенија вчераутро двajца биле нападнати од пчели, а едeн починал од убодите.

Пожарникарите и спасувачите згрижиле еден маж, додека другиот  починал на пат кон болницата во Љубљана.

– До пристигнувањето на спасувачите, пожарникарите на ПГД Буковица им пружиле прва помош на повредените, јави Дирекцијата за заштита и спасување на Република Словенија на својата веб-страница.

Пчеларите требало да ги донесат кошниците в сабота, а вчера требало  да ги постават и правилно да ги сортираат. Според информациите, дел од кошницата пропаднала, а потоа пчелите ги нападнале и двајцата.

Помладиот избегал во шумата пред пчелите, додека постариот се повлекол кон автомобилот. Според некои информации, тој имал намера да ги смири пчелите со дим од цигара, но кога помладиот се вратил од шумата, наводно го нашол во тешка здравствена состојба, паднат на земја, објавува „Дневник“.