Партијата за движење на Турците денеска ја повика општина Штип да обезбеди превоз за 15 ученици припадници на турската етничка заедница од населените места во Општина Карбинци до средните училишта во Општина Штип.
– Го осудуваме ваквиoт неодговорeн пристап на Општина Штип, која покрај основните човекови права ги прекшува Уставот на Р.Македонија и Законот за средното образование, со кој е регулирано дека средното образование е задолжително, сите граѓани имаат право на образование, за учениците кои живеат 2,5 километри подалеку од училиштето треба да се обезбеди превоз до образовната институција од страна на надлежните. Ако ги анализираме политиките на власта во Македонија се гледа дека припадниците на турската заеднициа со години се заборавени, дискриминирани во сите сегменти на општественото живеење. Особено во областа на образованието овие појави се неприфатливи и не смеат да се случуваат во демократска држава како што се декларира Р.Македонија, изјави пратеникот Енес Ибрахим на прес конференцијата.
– Власта која со години за своите криминали се повикува на законските регулативи и вели дека се оштетени нивните кадри, во Општина Штип не го има обезбедено основното право за учениците превоз до средното училиште. Прашуваме до кога со дискриминацијата на помалите етнички заедници, пред се на припадниците на турската заедница која е најлојална во државата, а не го добива ни правото на образование како возврат на даноците кои ги плаќа.
Доста ни е од реклами кои ги плаќате од парите на граѓаните, вклучително и на Турците, а на терен нема ништо од задолжителното средно образование кога се работи за Турците. Дали надлежните од Општина Штип ке понесат одговорност за оштетените ученици од Општина Карбинци? Одговорност мора да има, бараме од власта и од коалициониот партнер Демократската Партија на Турците кои со години се слеп послушник и подржувач на националистичките политики на владата на ВМРО ДПМНЕ, да се изјасни по однос на оваа прашање. Дали ќе продолжат со политиките на дискриминација или Турците треба да откажат послушност кон државата која власта ја присвои во целост, рече Ибрахим.




