Published: Saturday, March 26, 2016 12:18
Денеска во продажба е последното печатено издание на британскиот дневен весник Индепендент, со што завршува 30 годишната традиција на весникот.
На насловната страница ова јубилејно издание излегува со ексклузивна приказна за заговор за убиство на бившиот саудиски крал Абдула.
Под насловот „Запрете го печатот“ стои „Читајте во нашето последно печатено издание 1986- 2016“.
Од сега весникот ќе биде достапен онлајн, а уредништвото на Индепендент пишува дека историјата ќе суди за оваа смела транзиција, како пример кој другите весници во светот треба да го следат.




