Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, упати видео порака со поддршка за лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Сакам да испратам порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме“, што ја предводи мојот драг пријател, Зоран Заев, од СДСМ. Тоа е проака која ја испраќам не само поради социјалдемократскиот идеал кој го споделуваме, туку и поради моето лично убедување, дека владата на Заев работеше посветено на овој идеал во изминатите три години и придонесе за значителни подобрувања во однос на минималната плата, социјалната помош и пензиите, “вели Санчез во видео пораката.https://www.youtube.com/watch?v=1BjutzbNTfM
„Ти благодарам Педро Санчез за поддршката. И како сојузници во НАТО и како идни партнери во ЕУ, продолжуваме да придонесуваме за подобра, проевропска иднина на сите граѓани“, му одговори Заев преку Фејсбук.