Во Пекинг под карантин се ставени 11 станбени квартови поради појава на ново жариште на Ковид-19 на пазар, соопштија денеска кинеските власти.
Седум лица се инфицирани со новиот коронавирус од пазарот, поради што се затворени девет училишта и градинки.
Според најновите податоци, во светот со Ковид-19 се заразени 7.741.062 лица, од кои 428.352 починаа, а оздравеле 3.966.877 луѓе.
Во исто време, Бразил ја престигна Велика Британија по бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус и сега е на втор место, зад САД.
Вкупниот број на починати луѓе се искачи на 41.828, од кои во 909 лица во изминатите 24 часа.
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека вкупниот број на инфицирани лица изнесува 828.810, откако беа регистрирани 25.982 новозаболени.
Бразил и по бројот на заразени луѓе е на второ место, зад САД.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро смета дека новиот коронавирус не претставува голема опасност и пандемијата ја нарече „мал грип




