Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пеколот“ е новиот бестселер на Ден Браун

0
By on May 9, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Славниот писател Ден Браун ја најавува својата нова книга „Инферно“ која се базира на истоимениот дел од трилогијата „Божествена комедија“ од Данте Алигиери. Но, низ вистински пекол поминале преведувачите на романот.

Книгата, што ќе биде објавена на 14 мај веќе крена многу прашина, што не е изненадувачки ако се има предвид медиумското внимание што го предизвикуваат делата на Ден Браун како “Кодот на Да Винчи” и “Ангели и демони”.

Всушност, сега и нема коментари за содржината на новата книга на Браун, бидејќи темата се чува како строга тајна, која ја знаат само Браун и неговиот издавач. Кога сè било подготвено да се преведе книгата на други светски јазици, биле ангажирани единаесет преведувачи кои морале да потпишат посебен договор за тајност.

Преведувачите пристигнале во Италија во февруари минатата година, откако поминале низ ригорозен избор и интервјуа со Браун. Во Милано ги чекале неверојатни услови за работа, кои биле многу постоги од претходно договорените.

Преведувачите работеле во бункер каде имале строго определен распоред. Нивните мобилни телефони биле конфискувани и се контролирал нивниот пристап до Интернет. Конекцијата била обновувана само од време на време, за да авторот и издавачите бидат сигурни дека содржината нема да протече пред да се објави книгата.

Од работното место во еден изолиран хотел, секој ден ги носел минибус придружен со обезбедување, можеле да јадат само на една одредена маса и храната се подготвувала исклучиво за нив.

Контактите со семејствата биле прекинати и тие секој ден останувале на работа до доцна во вечерните часови. И покрај ваквиот режим, ниту еден од преведувачите не се откажал.

Преведувачот од Бразил Fabiano Morais признава дека работат во необични околности: “Мора да кажам дека тоа беше необично да работам на мојот компјутер, а да не сум поврзан на Интернет, особено на почетокот. Но, потоа се се навикнав .”

Секој пат кога го напуштале бункерот каде работеле преведувачите, морале да достават доказ дека имаат причина за пауза и местото каде што биле со детално објаснување.

“Пеколот” е последната книга на Браун за професорот Роберт Лангдон, кого читателите го запознаа преку светските бестселери „Кодот на Да Винчи” и „Ангели и демони”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.