Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски и лидерите на политичките партии на нова средба во понеделник во 12 ч.

0
By Нова ТВ on May 16, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: slobodnaevropa.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 16, 2020 14:10

Новата лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски е закажана за понеделник во 12 часот и во неа се очекува да биде постигнат консензус за датумот на одржување на вонредните парламентарни избори што беа одложени на 12 април поради епидемијата на коронавирусот.

Понеделник како термин за лидерската средба начелно го најави и самиот Пендаровски на прес-конференцијата по вчерашниот состанок на Советот на безбедност, но не можеше да го потврди од причина што дел од лидерите на политичките партии истакнале оти имаат планирани обврски за тој ден.

Партиите и натаму се цврсти на своите ставови. Владеачката СДСМ е за избори во првиот можен момент и по можност до крајот на јуни, штом ситуацијата со ковид-19 ќе го дозволи тоа. Социјалдемократите, по координацијата со партнерите од коалицијата „Можеме“, на последната лидерска кај Пендаровски отидоа со предлог 14 јуни за сега да го поместат за 8 дена по вчерашната одлука на претседателот за продолжување на вонредната состојба за нови 14 дена, а не 30 колку што побара Владата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, е против брзи избори и смета дека истите би требало да се одржат во јули. Но, сепак, истакнуваат дека ќе го почитуваат и мислењето на Комисијата за заразни болести.

За периодот меѓу двете лидерски средби (онаа во вторник и претстојната во понеделник) беше договорено да се консултираат Комисијата за заразни болести која веќе изготви Протокол за процесот од предизборната кампања до денот на гласање. Од Државната изборна комисија (ДИК) се очекуваше мислење за временска рамка на организација и одржување на изборите, иако меѓу нејзините членови има спротивставени мислења, па едни го застапуваат ставот дека изборниот процес треба да продолжи каде што застана со владината Уредба со законска сила, а други сметаат дека изборните рокови треба да се вратат на почеток.

И, конечно, беше најавено и мислење од ОБСЕ/ОДИХР за мониторирање на изборите за целокупниот процес да добие силна меѓународна верификација.

лидерска средба Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.