Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Нечија етничка припадност пред 150 години, не може да е работа на комисија во 2020 година

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 4, 2019 08:31

Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија работи со исклучително бавно темпо во последните седум-осум месеци, а двете страни може да се ослободат од баластот само со говорење на вистина, е оценка, меѓудругото, на претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за телевизија 24.

„Не може на крајот на 2019 година и почетокот на 2020 година, работа на една комисија да биде која била или каква била етничката припадност на некој човек кој живеел пред 150 години“, рече меѓу другото Пендаровски.

Идејата на таа комисија и на македонско-бугарскиот договор за добрососедство, нагласи тој, е да видиме што нè спојува за одредени историски личности и каде можеме заеднички да ги ставиме.

„Ако пишува е споделена историјата, а ти сакаш да биде Гоце Делчев пишан како чист Бугарин, кој е резонот јас да го славам тогаш ако е само твој. Мора да биде дел твој, дел мој, макар со делото, па да можеме да го чествуваме заедно. Тоа е јасно како бел ден. Таа е формулацијата, појасни шефот на државата.

Според него, многу подобро би било доколку во мешовитата македонско-бугарска експертска комисија биле вклучени и неколку меѓународни експерти со познавање на Балканот од тој временски период.

Фото: meta.mk

„Мислам дека еден од факторите на успех што стојат зад Преспанскиот договор е што имаше и меѓунардоно присуство. Макар во позадина не само со Нимиц како официјален медијатор“, рече претседателот Пендаровски.

Тој оцени дека Бугарија во овој момент не прави никакви пречки и укажа на потребата од трпение бидејќи за очекување се опструкции при почеток на преговори што ќе траат со години.

„Како да ги надминеме? – Со долги часови, месеци и години објаснување дека тоа не е така и се разбира барање на меѓународни сојузници за нашата кауза и нашиот сет на аргументи. Нема друг начин. Друго е да речете прекинуваме и си седиме дома. Па, десет години седевме дома во времето на Груевски и мислевме дека сме најсилни на свет, а не било така, истакна Пендаровски.

Македонско-бугарска комисија Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.