Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е процес кој никогаш не завршува

0
By Biljana on May 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 23, 2021 09:15

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

-Дозволете да ви го честитам 23 Mај, Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа. Токму на овој ден, пред 116 години, Власите првпат во тогашното Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик. Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е континуиран процес кој никогаш не завршува. Се гордееме што карактеристиките, традицијата и обичаите на Власите се длабоко вткаени во нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Република Северна Македонија и понатаму ревносно, како и за сите етнички заедници, ќе ја афирмира и промовира влашката историја и култура, истакна Пендаровски во честитката.

Тој се осврна и на состојбата со пандемијата, повикувајќи на одговорност, солидарност и дисциплинираност за што е можно побрзо враќање во нормалното секојдневие.

-Секој наш граѓанин, како впрочем и секој човек насекаде низ светот, повеќе од една година се соочува со опасноста од Kовид-19, стравувајќи за својот и за животот и здравјето на своите најблиски. Со почетокот на масовната имунизација во нашата земја конечно се наѕира крајот на пандемијата. Да продолжиме да бидеме одговорни и дисциплинирани, солидарни и посветени, и што поскоро да се вратиме на нормалното секојдневие, нагласи шефот на државата.

Власи Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.