Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата

0
By Ivana on September 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 5, 2021 10:50

Не очекувам дека поради политички тензии некој може да ги компромитира резултатите од пописот, но ситуацијата претходно не беше таква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со денешниот почеток на пописот, но и можноста наративот дека станува збор за пребројување на Македонци и Албанци да ја поткопа операцијата

– Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата, така што тоа е одредба од Рамковниот договор, тоа е одредба од нашиот Устав, мораме да ја почитуваме, инаку се согласувам како што одминуваме, неодамна прославуваме 20 годишнина од Рамковниот договор, мислам дека пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата, истакна Пендаровски.

Во врска со престојните локални избори и напливот на независни листи за советници и за кандидати за градоначалници, шефот на државата смета дека тоа е мал чекор кон демократизација на нашето општество.

– Диверзификацијата, разновидноста може само да ја обогати македонската демократија, не може да ја направи полоша. Мене ми е драго што тоа се случува, иако мислам дека во таа насока власта преку својата нормативна дејност во наредните месеци и години, заедно со опозицијата, бидејќи тие изборни законодавности се менуваат со целосен консензус, ќе мора да направи уште неколку исчекори, на пример една изборна единици, без праг, за да се овозможи и помалите политички субјекти да не бидат приврзоци на големите политички партии, туку да имаат една своја автономија и конечно да понудат нешто ново на политичкиот пазар, додава шефот на државата.

Се осврна и на високата корупција, за која вели дека за жал станала начин на живеење и тука имаме прилично многу за домашна задача на домашната агенда.

– Во тој дел, а тоа го покажува и последниот извештај на Транспарентност, да бидете на 111 место во светот не е за фалење, додава Пендаровски, а во врска со потпишувањето на Законот за изградба на автопати без тендер од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, иако Државната комисија за спречување на корупцијата достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на овој закон, Пендаровски вели дека негова надлежност не е да ја оценува уставноста на законите кои ги потпишува и оти тоа е работа само на Уставниот суд.

попис Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.