Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Сè уште сме заробеници на минатото

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојат неколку премрежја во изминативе 30 години кои не можевме да ги превидиме, на пример спорот со Грција. Не можевме да предвидиме прво дека ќе трае толку многу и дека практично ќе не блокира при влезот во секоја меѓународна организација… Ова сега најново се надевам нема да биде такво по пропорции, споров со Бугарија што го имаме и нема толку да трае, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Трилинг на Телевизија 24.

Меѓутоа, додава тој, исто така не може да се поверува дека може да постои спор во кој една земја членка на ЕУ и на НАТО вели „ти не си Македонец“, или „не зборуваш на македонски јазик“ или „пребриши се од историјата до таа и таа година и прими го комплетно нашиот историски наратив и стави го во вашите учебници“.

Пендаровски смета дека за жал, сé уште сме заробеници на минатото и според него кога станува збор за евроинтеграциите, нас се уште не сметаат како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка.

– Гледам дека во фокусот на мојот интерес, не само Северна Македонија туку и шесте држави на Западен Балкан кои останаа на опашката на интеграциите, особено оние кон ЕУ и генерално клучните политики на Брисел, посебно зборувам за евроинтеграциите, не третираат нас се уште како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка на тој клуб, вели Пендаровски.

За шефот на државата „Отворен Балкан“ е одлична иницијатива и очекува и другите земји од Западен Балкан во поскоро време да се приклучат.

– Меѓутоа, јас би бил прв против „Отворен Балкан“, независно од неговото примамливо и атрактивно име, ако тој е навистина замислен како алтернатива на ЕУ, нагласи Пендаровски.

ЕУ Македонија НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.