НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски за Илинден: Владеење на правото треба да биде нашата темелна вредност

0
By Нова ТВ on August 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Карактерот на еден народ се вреднува според предизвиците со кои има храброст да се соочи. За време на Втората светска војна, граѓаните на Македонија имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20 век – фашизмот и нацизмот и да ја ослободат својата татковина.

Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување. Патот до помирувањето води преку правдата втемелена врз вистина. А за вистинска правда е потребно владеење на правото. Тоа мора да биде нашата темелна вредност со која не смее да се прави компромис.

Само граѓанско помирување, втемелено врз правда и одговорност, ќе ни ја врати меѓусебната доверба и ќе ни овозможи да изградиме праведно и напредно европско општество во кое секој човек ќе се чувствува еднакво вреден. Нема друга алтернатива, порача претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање по повод националниот празник Илинден.

Државата, истакна Пендаровски, е наша заедничка одговорност. Независно дали сме Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, независно дали сме христијани, муслимани, Евреи или атеисти, сите заедно да се грижиме за земјата како највредното нешто што го имаме. А јас како претседател, рече, заедно со вас, ќе правам сè што е во рамки на моите надлежности да имаме држава што ќе ги заштитува своите граѓани како највредното што го има.

-Имаме различни етнички потекла, зборуваме различни јазици, имаме различни религиски верувања и идеолошки убедувања. Колку поразлични сме, толку побогата е нашата култура и толку поширок е хоризонтот на можности. Но, сето тоа зависи од нас, дали и колку сме подготвени да ја почитуваме различноста. Затоа, да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи, независно дали се етнички, верски, идеолошки, партиски или генерациски. Да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна европска држава, членка на НАТО и на ЕУ. Да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде врз грбот на другите. Да градиме држава во која законите ќе важат за секој граѓанин подеднакво. А во центарот на тој историски потфат да биде достоинството на човекот и на граѓанинот кој мора да ја добие шансата да се реализира тука, во својата земја, подвлече претседателот.

Мора да бидеме свесни, дополни, дека еден ден ќе се соочиме со наредната генерација. Ако се помириме и заеднички вложиме во нашата европска иднина, тогаш ќе имаме образ да излеземе пред нашите деца и внуци и да кажеме – ние го продолживме делото на нашите предци и го изодевме нашиот дел од патот. Сега е редот на вас.

Според претседателот на државата, неспорна историска вистина е дека антифашизмот е во основите на нашата држава и тоа ниту еден историски ревизионизам не смее да го доведе во прашање.

-Кога илинденската генерација зборуваше, вашата генерација со почит и со внимание слушаше и се инспирираше за следните битки. И денеска, на Илинден, јас не сакам да зборувам, а вие да ме слушате. Илинден е ден кога јас, како граѓанин, треба да ве слушнам вас. Кога вашата генерација зборува, ние, вашите потомци со почит и со внимание треба да слушаме и да бидеме благодарни затоа што никој нема поголемо право да зборува за вистината за НОБ и АСНОМ од вас, партизаните кои се изборивте за слободна македонска држава, рече претседателот на државата Стево Пендаровски.

Пред Пендаровски се обрати претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ, Никола Стојановски, кој рече дека се гоρди за делото на големците што го изгρадија, го гρадат и ќе создаваат постамент на нашиот вρвен пρилог во цивилизациите.

-Ние, боρци, пρодолжувачи и симпатизеρи, со возвишени гρаѓансκи и дρжавничκи чувства, остануваме гоρди на боρбата 1941-1945, на Заседанието и одлуκите на АСНОМ, κаκо и на изгρадбата на совρемената, модеρна, демоκρатсκа, пρоспеρитетна и едуциρана дρжава, на општествените тρанзиции, до денес, а за идните безбедносни и модеρни пеρспеκтиви. Со висоκа почит κон паднатите жρтви, депоρтиρаните гρаѓани и многу истоρисκи пρемρежиjа, отвоρање пρашања, гоρди сме за делото на големците што го изгρадија, го гρадат и ќе создаваат постамент на нашиот вρвен пρилог во цивилизациите. Тоа се вистини и фаκти, тоа е гоρдост на денес, геогρафсκи, сκρомната дρжава, ама во остваρениот сон на минатите и сегашните генеρации, идната голема, слободоумна и пρоспеρитетна Ρепублиκа Севеρна Маκедонија, напомена Стојановски.

Чествувањето на Илинден во вилата „Водно“ почна со интонирање на македонската химна, во изведба на хорот „Вардар“. Меѓу присутните беа владини претставници, пратеници, претставници на здуженија на борците и други гости. Пред обраќањето на Пендаровски, со едноминутно молчење им беше оддадена почит на сите што загинаа за слобода.

Претседателот Пендаровски претходно, со претставници на Сојузот на борците, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а оддаде почит и на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на генералот Михајло Апостолски во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел.

Илинден Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.