НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пенелопа ги држи во заложништво француските претседателски избори

0
By Светлана Јовановска on February 14, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До неодамна исходот на француските претседателски избори беше јасен како бел ден. Победник требаше да биде Франсоа Фијон, кандидат на десната Републиканска партија, поранешен премиер на Никола Саркози и човек со долга и чесна политичка кариера.

Но испадна дека политичарот не е сосема чесен.

Сценариото велеше дека на 23 април, по првиот круг на изборите, победуваат Фијон и кандидатката на екстремно десната партија Национален фронт Марин Ле Пен. Сите анкети ја имаа истата анализа: Фијон е единствен кој може да го победи екстремниот популистички Национален фронт кој предлага излез од ЕУ, излез од еврото, затворање на француските граници и изолационизам, економски и политички. Нешто слично на она што се случува во САД со Доналд Трамп.

“Пенелопа гејт” ги замрси сметките на Фијон

Франсоа Фијон

Но тоа беше така до крајот на јануари кога француските медиуми открија дека Фијон со години им давал великодушни плати на својата сопруга Пенелопа и две од нивните деца.

Новите анкети велат дека Фијон ќе биде елиминиран на изборите од младиот Емануел Макрон, независен кандидат кој ги прекина врските со Социјалистичката партија и го напушти министерското место за економија во актуелната влада за да се кандидира на изборите.

Скандалот го доби името “Пенелопа гејт”. Фијон ги вработил сопругата и двете деца и им платил 900.000 евра државни пари во текот на неколку години за работа која тие не ја работеле! Нивните работни места биле фиктивни.

Фијон тврдеше дека неговото семејство му помагало во работата. Но, на државната телевизија во емисијата “Специјален репортер” се појави 10 години старо интервју на Пенелопа Фијон на една британска телевизија. Пенелоп е Британка и во тоа интервјуи се доверува на новинарката и самата кажува дека асистент на сопругот иако тоа сакала да го направи.

Пенелопа Фијон раскажува дека никогаш не работела за сопругот

Скандалот беше толку голем што судството отвори истрага. Судството се уште не го кажало финалниот збор но многу политичари и медиуми побараа од Фијон да се откаже од претседателската трка.

Одговорот на Фијон беше дека тоа не доаѓа во предвид бидејќи, според него, тој ништо лошо не направил. Факт е дека исплатата на овие 900.000 евра нема ништо нелегално. Француските политичари, како и во многу други земји, добиваат великодушна сума со која можат да платат асистенти и никој нема право да проверува што тие асистенти работат.

Проблем е моралната страна на трошењето јавни пари за приватни цели.

Извинување но и напад врз медиумите

Фијон на прес конференција им се извини на Французите. И наместо да се откаже од трката, тој ги обвини медиумите за “нечесен напад” па дури и “линч” и “убиство” на неговата личност. Фијон употреби тешки зборови. Обвини дека некој намерно го оркестрирал овој напад врз него но не кажа кој е тој некој. И побара од своите поддржувачи да продолжат да го поддржуваат. Фијон тврди дека судството нема да најде ништо лошо во овој “режиран” скандал.

Фијон обвини дека некој намерно го оркестрирал овој напад врз него но не кажа кој е тој некој.

“Ќе останам цврст иако сум соочен со луѓе кои од сенка се обидуваат да ме нападнат”, рече тој во една видео порака до своите поддржувачи. Сепак додаде “разбирам дека некои од обвинувањата се вознемирувачки за некои од вас поради сумите кои се споменуваат”.

Анкетите не го делат оптимизмот на Фијон. Последната анкета вели дека Фијон загубил 1о поени и сега има само 22 отсто поддршка.

Кој е сега фаворит

Марин Ле Пен, Франсоа Фијон, Емануел Макрон, Жан-Лук Мелоншон, Беноа Амон

Новиот фаворит е Макрон кој, велат анкетите, може да добие 63 отсто гласови во вториот круг ако противник му биде г-ѓа Ле Пен. Тој во моментов, на 10 недели од изборите, добива 37 отсто поддршка.

Новиот фаворит на Французите за Елизејската палата, либералниот социјалист Емануел Макрон

По него, со 33 отсто, е Беноа Амон, социјалистот кој се залага за вистинска социјалистичка левица и предлага воведување на универзален еднаков приход за секој Французин. Исти 33 отсто има и другиот лев кандидат Жан-Лук Мелоншон.

Беноа Амон, најлевиот социјалист во Франција

Според оваа анкета Марин Ле Пен добива само 25 отсто поддршка. Таа е во фокусот на слична истрага како и Фијон.

Ле Пен е европска пратеничка а Европскиот парламент (ЕП) и бара да врати 300.000 евра европски пари. Таа плаќала двајца асистенти кои за неа работеле во партијата во Франција и не во ЕП како што таа пријавила. Ле Пен одбива да ги врати парите и го тужи Парламентот.

Гадна и штетна клима

Фијон отвори фронт и со медиумите. Тој и повеќе политичари кои му се верни, ги нападнаа медиумите.

Синдикатот на француски новинари денес излезе со соопштение во кое се вели дека “нападот врз медиумите на еден политичари кој сака да го сврти вниманието од своите проблеми е стар рецепт”, вели Синдикатот.

Но она што е невообичаено и вистинска премиера за Франција е што Фијон, на митинзи, ги посочува новинарите како главни виновници и пред илјадниците поддржувачи всушност ги охрабрува луѓето да ги напаѓаат медиумите. Тоа е опасно и за новинарите и за демократијата, вели соопштението.

Помеѓу другите тешки зборови упатени со медиумите Фијон изјави: “се разбира медиумите треба да ги пренесат настаните, но не прифаќам линчување и убиство како што вие направивте во текот на последните 10 дена и тоа е проблем”.

Организацијата Репортери без граници реагираше исто така и соопшти дека во Франција владее “гадна и штетна клима” која вели: “пораката од ова е дека било кој граѓанин може да ги нападне новинари и за тоа да не биде казнет”.

2017 година Беноа Амон Емануел Макрон Марин Ле Пен Пенеполагејт претседателски избори Франсоа Фијон Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.