Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

0
By Соња Крамарска on March 1, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска од Струга порача дека не се задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства, укажувајќи дека иако Владата го зголемила финансирањето, идејата на децентрализација е поголема финансиска самостојност на локалните самоуправи.

Прашан за финансиската состојба во општините, по потпишувањето на договорот за реконструкција на ЈЗУ Завод за Нефрологија во Струга, Пенов забележа дека состојбата не е страшна бидејќи државата платила половина од нивните долгови.

„Состојбата сега не е толку страшна, каква што била, бидејќи пред две – три години на сите општини и јавни претпријатија 50 отсто од долговите им се избришани, односно ги плати државата. Во меѓувреме Владата го зголеми учеството во финансирањето на општините. Но, мора да кажам дека ние не сме задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства. Идејата на децентрализацијата е општините до максимум да ги искористат средствата кои им стојат на располагање за сопствено финансирање и тоа да претставува поголемиот дел од општинските буџети наспроти дотациите што ги добиваат“, рече ресорниот министер во изјава за медиумите.

Според него, општините прибираат само 30 проценти од потребните расходи, а останатите 70 отсто им ги дава државата.

„Ние не сме надлежни за контрола на општините, дури и законски не е издржано Владата да ги контролира на тој начин, бидејќи имаме целосна децентрализација. Кај општините кои се појавуваат подолго долгови, проблем е што градоначалниците и општинските совети ги штитат граѓаните да не плаќаат или да плаќаат мали давачки кои се несоодветни да ги покријат потребите за одржување на комуналните услуги“, рече Пенов.

Избор: МИА

општини Ристо Пенов финансиски средства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.