Published: Wednesday, May 23, 2018 19:53
Американскиот потпретседател Мајкл Пенс денеска изјави дека САД „брзо ќе одговорат” на протерување на двајца членови на американскиот дипломатски персонал од Венецуела, но не прецизираше какви мерки разгледува Вашингтон во врска со тоа.
Протерувањето на дипломатите ја означи најновата, во низата ескалации на тензии меѓу двете земји.
До ескалацијата дојде откако САД воведоа санкции за Венецуела, како одговор на неодамна одржаните избори таму, кои Вашингтон ги смета за „измама”.




