САД нема да го намалат притисокот врз Северна Кореја се додека не видат конкретни чекори кон нуклеарното разоружување, изјави денеска американскиот потпретседател Мајк Пенс.
– САД и нивните сојузници одлучни се да извршат максимален приситок врз режимот на Ким Џонг-ун, за да стават крај на неговата нуклеарна програма. Сите опции се на маса и нашиот став кон режимот нема да се промени се додека не видам надежни, верификувани и конкретни чекори кон нуклеарното разоружување, посочи Пенс.
Претходно, специјалниот претставник на Сеул, Чунг Еуи-јонг, по средба со лидерот на севернокорејскиот лидер Ким, изјави дека Пјонгјанг воведе мораториум над нуклеарните и ракетни проби, доколку САД се согласат за преговори со нив.
Северна Кореја исто така ветила дека нема да употреби нуклеарни и конвенционални оружја против Јужна Кореја.




